Макавејев: Револуцијата е невозможна без секс. Вики-врска до забранетиот филм на овој српски (тогаш југословенски) режисер. Го има на пајратбеј. (стр. 272)
„Меѓу најсериозните работи во светот, бракот е најсмешната"... што можат комунистите да прават во врска со ова кога капиталистите веќе прогласија дека бракот е смешна институција? (стр. 267)
Документарниот филм „No Lost Time" прикажува група источно-германски дисиденти кои завршиле во затвор поради дистрибуирање на книгата „Алтернатива..." на Рудолф Баро.
Кога пред некое време го гледав ТВ филмот со овој наслов, си реков мора да е направен по драма. И така и било. Сега во „Комунистичка интима" дознавам за уште еден римејк, овој пат на Никита Микхалков. (стр. 239)
Исмаил Кадаре се споменува со неговата книга „Наследниот". Од она малку што го пишува за книгата во „Комуниситчка интима", ми се чини како интресно дело за читање.
(стр. 238)